
Челси го помина и Палмеирас за место во полуфиналето на СКП! (ВИДЕО)
Англискиот тим рано го отвори резултатот, Палмер постигна гол уште во 16. минута за водство на Челси од 1-0.
По осум минути игра во второто полувреме Естевао го изедначи резултатот на 1-1.
На седум минути до крајот Вевертон си постигна автогол по кој Челси се израдува на победа од 2-1 и пласман во полуфиналето.
Во полуфиналето Челси ќе игра против Флуминенсе кој со 2-1 претходно го елиминираше Ал-Хилал.
Фото: X/ChelseaFC