Уругвај има почит кон своите легенди: Суарез и Кавани ќе добијат - свои улици!

Легендарните уругвајски фудбалери Луис Суарез и Едисон Кавани се почитувани во татковината, а сега беше донесена одлука тие да добијат и свои улици.

Нивните настапи за репрезентацијата оставија голема трага во историјата на Уругвај, па поради тоа ќе биде покажана голема почит кон легендите.

Градот Салто, кој има околу 115.000 жители, реши две улици да ги носат имињата на Суарез и Кавани.

Фото: EPA PHOTO