Челси брка уште еден фудбалер, Арсенал чека со раширени раце

Освојувачот на Конференциската лига на УЕФА, Челси планира повторно да биде активен на трансфер-маркетот, откако тренерот Енцо Мареска отпиша уште еден фудбалер.

Мареска по победата против Палмеирас испрати јасна порака и се очекува Нони Мадуеке да ги спакува куферите и да го напушти „Стемфорд Бриџ“.

Како следна дестинација за талентираниот фудбалер се споменува Арсенал, кој будно ја следи ситуацијата и наскоро би можел да испрати понуда.

Арсенал сакаше претходно да го купи Родриго од Реал Мадрид, меѓутоа „топчиите“ немаат 90 милиони евра и затоа го разгледуваат Мадуеке како „план Б“.

Фото: Facebook/Chelsea FC