„Влаховиќ е најголем паразит, испратете го на трибини тој проклет Србин“

Српскиот голгетер Душан Влаховиќ го навлече гневот на навивачите на Јувентус, откако одби да замине од калчолигашот дури и по цена да остане на трибините до крајот на договорот.

Влаховиќ сака да го земе и последното евро од неговиот договор со Јувентус, откако претходно не сакаше да ја продолжи соработката и да добие помала плата, а потоа одби и да замине од тимот, па навивачите му испратија јасни пораки.

„Најголем измамник со кој сме потпишале. Испратете го на трибини тоа ѓубре, Душан стана најголемиот паразит“, се само дел од пораките на навивачите.

Репрезентативецот на Србија има договор со гигантот од Торино до јуни 2026 година, па би можел цела сезона да седи на трибините.

Фото: Facebook/Juventus