
Британците жестоко го нападнаа новиот систем на Вимблдон – инициран од Ѓоковиќ!
Радукану, која загуби во два сета од Арине Сабаленка, остро го критикуваше системот, велејќи дека донел неколку погрешни одлуки за време на натпреварот. Таа дури имала и вербална расправија со судијата поради една спорна ситуација.
„Да, сигурна сум дека таа топка заврши во аут. Разочарувачки е што системот греши. Имав неколку мечеви каде што одлуките беа очигледно погрешни. Се надевам дека ќе го поправат тоа“, изјави Радукану.
Сличен став имаше и Џек Дрејпер, кој беше елиминиран од Марин Чилиќ. По поразот, тој истакна дека системот не е сто-отстотно точен.
„Неколку топки оставија јасни траги на теренот и нема шанси да не се забележат. Системот не е совршен“, рече Дрејпер.
И шпанскиот тенисер Карлос Алкараз изрази сомнеж по натпреварот против Јан Ленард Штруф, велејќи дека некои електронски одлуки биле сомнителни. На бројните реакции се огласи и директорот на Вимблдон, Џејмс Бејкер, кој ги бранеше новите технологии.
„Овој концепт на судење е новиот стандард. Други гренслем-турнири го користат веќе четири-пет години. Прецизноста на системот е на највисоко ниво“, истакна Бејкер.
Системот беше првично поддржан од Новак Ѓоковиќ, кој пред неколку години предложи ваква технологија да се користи, особено на земјени терени.
ФОТО: EPA PHOTO