Тер Штеген ја напушта Барселона и се сели во италијански гигант!?

Германскиот голман Марк-Андре Тер Штеген повеќе нема да добие шанса во Барселона, иако самиот изрази желба да остане во клубот, меѓутоа каталонскиот тим планира да го продаде до крајот на летниот преоден рок.

Интер ја следи ситуацијата со Тер Штеген, откако првиот голман на италијанскиот клуб Јан Зомер најави дека би можел да се пресели во Галатасарај.

Тер Штеген ја загуби довербата кај тренерот Ханси Флик и поради тоа постои голема веројатност дека ќе го облече дресот на „нераѕурите“ во текот на летото.

Поранешниот италијански шампион би можел да го добие Тер Штеген целосно бесплатно, но под услов Германецот да го прекине договорот со Барселона и да не бара да му се исплати отштета.

Фото: Facebook/FC Barcelona