
Потег за почит: Ливерпул ќе го исплати целиот договор на Жота на неговото семејство!
Клубот од „Енфилд“ со овој чин покажува почит кон својот фудбалер, кој зад себе остави сопруга и три деца. Жота и неговиот брат Андре Силва загинаа во петокот, што предизвика шок и тага во целиот спортски свет. Трагедијата се споредува со загубата на НБА легендата Коби Брајант и неговата ќерка, што ја потресе глобалната спортска јавност. Во саботата, делегација на Ливерпул предводена од неколку играчи пристигна во португалскиот град Гондомар за да им оддаде последна почит на својот соиграч и неговиот брат.
Клубот најави и други иницијативи во чест на Жота – неговиот дрес со број 20 ќе биде повлечен, а можно е и основање на фондација или друг вид на меморијален проект.