Белингем: Не ми е грижа за Нико Вилијамс!

Пред полуфиналниот меч од Светското клупско првенство, Џуд Белингем доби чудно прашање, да ја прокоментира ситуацијата на Нико Вилијамс.

Реал Мадрид денеска против Борусија Дортмунд игра полуфинале од Светското клупско првенство. Но Белингем не беше прашуван само за тој меч, туку му беше поставено прашање и за Нико Вилијамс иако тој нема никаква врска со Реал Мадрид.

„Не ми е грижа за тоа. Тоа нема никаква врска со Реал Мадрид, па не ми е грижа“, рече Белингем зачуден од прашањето.

Сите очекуваа Нико Вилијамс да потпише за Барселона, но наместо тоа да се случи, тој стави потпис на нов, десетгодишен договор со Атлетик Билбао.