
Роналдо со емотивна порака се прости од Жота: Ова нема смисла, само што бевме заедно
Роналдо испрати потресна порака преку социјалните мрежи и искрено сочувство до семејството на настраданиот фудбалер.
„Не можам да разберам. Само што бевме заедно во репрезентацијата, ми зборуваше дека ќе се венчаш. До твоето семејство, сопругата и децата, испраќам искрено сочувство и им посакувам сила за да го издржат ова. Знам дека секогаш ќе бидеш со нив. Почивајте во мир, Диого и Андре. Ќе ни недостигате“, објави Роналдо.
Фото: EPA PHOTO