Странски спонзор на големи клубови од регионот влегува во Вардар!

Од редовите на Вардар за сезоната во која следи и во која црвено-црните влегуваат со големи амбиции најавуваат уште еден голем спонзор за клубот кој ќе придонесе за финансиска стабилазиција.

Во текот на припремите во Словенија беше истакнато дека Вардар за наредната сезона ќе има буџет од 3.5 милиони евра.

Името на новиот спонзор засега не се открива, но се потенцира дека станува збор за компанија која вложува во екипи како: Сепси од Романија, Левски од Бугарија, хрватскиот Осијек и унгарските Пушкаш и Диосѓер.

Во сезоната која следи Вардар ќе го брани трофејот во Купот на Македонија, додека во првенството ќе има амбиции за највисок пласман. Исто така клубот летово го очекуваат и квалификациите во Конференциската лига каде што прва пречка е тиомот на Ла Фиорита од Сан Марино.