Македонските претставници во европските купови ги добија судиите за квалификациите

На нешто повеќе од една недела пред одигрувањето на натпреварите, УЕФА ги одреди судиите за првата рунда од квалификациите за меѓународните купови.

Македонија оваа сезона ќе ја претставуваат четири екипи: Шкендија во Лигата на шампионите, а Вардар, Работнички и Силекс во Конференциската лига. Тетовци излегуваат на терен на 8, а останатите три екипи на 10 јули.

Шкендија гостува на првиот меч против ТНС, а ќе и суди ирскиот арбитар Рон Хенеси. За реваншот во Скопје, една недела подоцна, делегиран е Сајат Карабајев од Казахстан.

И Силекс на првиот натпревар против Дечиќ од Црна Гора, натпреварот ќе го води Завен Ховханисјан од Ерменија, додека во Скопје една недела подоцна, на теренот ќе биде Виктор Шимусик од Белорусија. На Работнички против Торпедо од Белорусија на првиот дуел на гости ќе му суди Алеко Аптсиаури од Грузија, но тој натпревар ќе се игра во Унгарија. На реваншот на Градски, главен ќе биде Јон Орлик од Молдавија. Само Вардар за ниеден двата дуела со Ла Фиорита од Сан Марино не доби судија од СССР. На првиот дуел во Скопје, на 10 јули ќе суди Антоан Кјарамон од Андора, додека натпреварот во Сан Марино ќе го води Арон Вин Џонс од Велс.