Тареми пред заминување, Интер договори напаѓач од Парма

Европскиот вицешампион Интер постигна договор со Парма за трансфер на напаѓачот Јоан Бони.

Поранешните „млекари“ ќе добијат 23 милиони евра плус три милиони евентуално во бонуси, а фудбалерот ќе потпише петгодишен договор за плата од два милиона евра по сезона. Така, 21-годишниот талент ќе им биде конкуренција на Лаутаро Мартинез и Маркус Турам со тоа што извесно е дека Мехди Тареми летово ќе го напушти Интер.

Бони е младински репрезентативец на Франција, а за Парма има 117 натпревари на кои забележа 15 гола и 12 асистенции. Тој ќе биде трето засилување за Интер, по Петар Сучиќ и Луис Енрике.