
Роналдо упорен: Кој вели дека саудиската лига не е во топ-5, не разбира фудбал
Откако го продолжи договорот со клубот, тој уште еднаш истакна дека оваа лига е во топ-5 во светот и дека постојано се развива. Дури и ги нарече незнајковци оние што не се согласуваат со неговото тврдење.
„Луѓе кои никогаш не играле во Саудиска Арабија, не го разбираат фудбалот ако тврдат дека оваа лига не е во топ-5 во светот. Ние кои играме овде знаеме за што зборуваме и затоа одлучив да останам во овој проект“, рече Роналдо.
Пред три дена тој го продолжи договорот со Ал Наср на уште две години, до 2027 и доби уште низа привилегии во овој клуб.