
Ѓоковиќ ги смири фановите во татковината: Не се селам од Србија
На прес-конференцијата пред третиот Гренд слем во сезоната, тој демантираше дека планира преселба во моментов, но дека тоа не е исклучено во иднина.
„Уште не се селам од Србија. Имаше многу информации за таа моја посета во Атина, бев таму со сопругата затоа што долго време не сме биле во Грција. Се сретнавме со премиерот, но тоа повеќе беше одмор, а тоа училиште кое го посетивме е поврзано со нашата Фондација. Во моментов не се селам, но не знам што носи иднината“, рече Ѓоковиќ.
Познато е дека тој има свој имот во Монте Карло и во Марбеља поради што веднаш беше поставено прашањето зошто би избрал да се пресели во Атина.