
Македонски репрезентативец потпиша двегодишен договор со Панатинаикос!
„Нашиот“ плејмејкер потпишал договор на две години со составот од Атина.
„Панатинаикос со задоволство објавува дека Ти Џеј Шортс потпиша двегодишен договор со клубот“, се наведува во соопштението.
Шортс доаѓа од францускиот тим Париз, каде што минатата сезона имаше извонредна улога. Во својата прва сезона во Евролигата, тој го предводеше тимот до пласман во плеј-ин фазата, а потоа и до титулата во домашното првенство. На 37 одиграни натпревари во најелитното европско натпреварување, Шортс имаше просек од 19 поени, 2,6 скока и 7,3 асистенции по натпревар, со индекс на корисност од 22,8.
Американецот за Македонија го одигра последниот меч против Полска во квалификациите за ЕП 2025, по што дошло до кавги со претходното раководство на КФМ предводено од Перо Антиќ, па прашање е дали во иднина повторно ќе го облече црвено-жолтиот дрес.