Македонската штафета 4х100 со државен рекорд до победата на Европското екипно првенство

По триумфите на Андреас Трајковски и Дарио Ивановски, победа на македонската репрезентацијата на Европското екипно првенство - 3. дивизија ѝ донесе и машката штафета 4х100 метри.

Нашите спринтери во состав: Михаил Петров, Јован Стојоски, Марко Алексовски и Андреас Трајковски истрчаа со време 40,89 секунди и поставија нов државен рекорд во оваа дисциплина. Зад македонските натпреварувачи остана штафетата на Сан Марино со нешто повеќе од една секунда задоцнување, а на третото место заврши Ерменија.

По првиот ден од Европското екипно првенство, Македонија се наоѓа на осмото место со 156 бода, а на чело е Исланд со 260.