Поранешната ѕвезда на Манчестер сити е пред банкрот – му пропаднале пет фирми!

Прославениот англиски фудбалер Шон Рајт Филипс (43) се наоѓа во сериозни финансиски проблеми и му се заканува банкрот, пренесуваат медиумите од Островот.

Пред целосен колапс Филипс се најде откако даночната и царинската управа поднела барање за стечај на неговите фирми.

Имено, пет од шест компании кои се во сопственост на поранешниот фудбалер пропаднаа и зад нив останаа големи долгови кои поранешниот фудбалер не може да ги исплати. Во овој момент Филипс не се наоѓа во Англија и вооопшто не бил упатен во целата ситуација, тврди неговиот застапник.

„Шон не е свесен за ова и работите се веќе префрлени на неговиот сметководител кој знае подобро. Во овој момент тој е надвор од земјата и ќе разговаа на оваа тема по враќањето“, изјави адвокатот на поранешната ѕвезда на Премиер лигата.

Неговото досие во регистарот на фирми под името Шон Камерон Рајт-Филипс покажува вложување во шест фирми од кои пет целосно пропаднале.

Фудбласката кариера Филипс ја заврши во 2019 година, а денес често добива улоги во аналитичките ТВ емисии за големите натпреварувања.

Фото: Manchester City/X