Поранешниот македонски селектор ќе води клуб во Унгарија

Поранешниот македонски селектор Александарр Јончевски пронајде нов ангажман и во наредната сезона ќе го предводи тимот на Атомерому Пакси од Унгарија со кој потпиша соработка на една година.

Во овој клуб Јончевски пристигнува по сезоната во која тимот заврши како третопласиран во плеј-офот изминатата сезона.

„Навистина ми е чест што ќе го водам тимот на Пакси, но тоа претставува и голема обврска. Во последните години доста ја следев унгарската лига, посебно најквалиттната и тука нависстина има силни екипи и квалитетни кошаркари. Пакси заврши како трет и среќен сум што доаѓам во таков клуб. Во преговорите ми беше објаснето дека раководството сака да оди чекор напред, сигурен сум дека вистинска енергија можеме да ги израдуваме навивачите“, порача Јончевски.

Пред ангажманот во Унгарија, Јончевски работеше во Полска во тимот на Сласк Вроцлав, а ги предводеше уште екипите на: МЗТ Скопје, Суботица, Работнички, Кожув, Гостивар, Трепча, и Башкими.