
Сампдорија се спаси од испаѓање по хаос и прекинат натпревар (ВИДЕО)
По триумфот со 2-0 на домашен терен, тимот од Џенова и синоќа водеше со истиот резултат во Салерно пред домашните навивачи да направат хаос на теренот и да предизвикаат прекин. Во 65. минута, кога веќе беше јасно дека Салернитана нема шанси за триумф, тие почнаа да фрлаат тврди предмети, столчиња и димни бомби на теренот што предизвика прекин од 20-тина минути.
Откако тоа помина, играта продолжи, но ситуацијата се повтори, па главниот судија одлучи да го прекине натпреварот.
Сампдорија требаше да испадне од Серија Б, но се се смени откако Бреша поради финансиски проблеми загуби четири бода и падна во зоната за испаѓање, а тимот од Џенова се искачи една позиција погоре. Не е исклучено да се спаси и Салернитана и покрај тоа што го загуби баражот.