Атлетик ја минира Барселона - ги прифатил условите од Баерн за трансфер на Нико Вилијамс

Шпанскиот репрезентативец Нико Вилијамс јасно им даде до знаење на сите дека негова единствена желба за продолжување на кариерата е Барселона и ќе направи се за да се оствари тој трансфер.

Сепак, челниците на неговиот сегашен клуб Атлетик Билбао не го делат неговото мислење, тие, пак, ќе направат се тој да не отиде во Каталонија и затоа тајно работат на трансфер во Баерн, кога веќе не можат да го задржат својот фудбалер. Откупната клаузула за Вилијамс изнесува 58 милиони евра, од Барселона се обидоа да издејствуваат нејзино плаќање на рати поради лошата финансиска состојба на клубот, но челниците на Атлетик не го прифатија тоа.

Тоа што го одбија за Барселона, прифатија за Баерн, баварскиот клуб може, евентуално да ја исплати сумата на рати, но тука има еден проблем: преминот на Вилијамс во Баварија е можен само ако фудбалерот се согласи на тоа.

Каталонските медиуми тврдат дека Барселона е подготвена да ја исплати откупмата клаузула за Вилијамс, но тоа ќе го направи по 1 јули со цел трансферот да биде реализиран во нова фискална година која во Шпанија почнува во седмиот месец од годината. Наскоро треба да бидат продадени и неколку фудбалери со што ќе се создадат услови за реализација на зделката.