Сити си играше со аутсајдерот и му даде шест гола (ВИДЕО)

Ал Аин од Обединетите Арапски Емирати е еден од најслабите тимови на Светското клупско првенство и тоа се покажа на дуелот против Манчестер Сити.

Поранешниот англиски првак славеше со 6-0, постигнувајќи по три погодоци во секое од двете полувремиња. Гвардиола одлучи во стартната постава да изведе дури десет фудбалери кои не почнаа против Видад во првото коло, но тоа не се покажа проблем.

Резултатот го отвори Гундоган уште во осмата минута, до крајот на првото полувреме погодија уште Ечевери и Халанд, а во вториот дел повторно стрелаше Гундоган, како и Боб и Шерки во финишот.

Со овој триумф Сити го обезбеди пласманот во осминафиналето од Светското клупско првенство, а против Јувентус во последното коло ќе се бори за првото место во групата.