Не одигра ни минута, а стана трет најмлад играч со НБА титула

Оклахома Сити Тандер ја освои шампионската титула во НБА, првпат откако во 2008 година се пресели од Сиетл, а играчите на овој тим се запишаа во историјата  на лигата.

Меѓу нив и српскиот интернационалец Никола Топиќ којдоби шампионски прстен без ниедна одиграна минута во сезоната. Младиот кошаркар, кој дури во август ќе наполни 20 години, не беше во тимот поради повреда што ја заработи лани во плејофот од српското кошаркарско првенство, но бидејќи беше избран на драфтот, допатува во Оклахома и таму го водеше целиот процес на рехабилитација

Топиќ стана трет најмлад кошаркар со шампионскиот трофеј во историјата на НБА. Рекордот го држи неговиот сонародник Дарко Миличиќ кој во 2004 година триумфираше со Детроит со 18 години и 361 ден, а на второто место е Џонатан Куминга од Голден Стејт кој во 2022 имаше 19 години и 253 дена. Топиќ во моментов има 19 години и 310 дена, а разликата меѓу него и другите двајца е во тоа што тој не одигра ниедна минута оваа сезона.

Младиот српски кошаркар многумина го сметаат за најголем талент во својата земја во моментов иако конкуренцијата е навистина огромна, а идната сезона уште неколку негови поранешни соиграчи од младинските репрезентации и од Мега ќе се преселат во САД, во НБА и НЦАА. Со само 19 години, Топиќ веќе има две АБА титули, освоени со Црвена Звезда и титула од Европското јуниорско првенство во 2023 година каде беше прогласен и за најкорисен играч.

Воедно, стана шести Србин со НБА трофејот, по Миличиќ, Кузмуќ, Стојаковиќ, Бјелица и Јокиќ.