
Не му е лесно на новиот голман на Барса - добива смртни закани од навивачите на Еспањол
Трансфери во лутите каталонски ривали не се секојдневие, всушност, последниот се случил во 1994 година, па затоа Гарсија наиде на критики кај фановите поради својата одлука. Сепак, границата е премината бидејќи во случајов не стануваа збор за коментари на социјалните мрежи, туку за смртни закани, испратени лично до него.
Шпанските медиуми обавија дека некој од навивачите на Еспањол јавно го објавил телефонскиот број на 24-годишниот голман на социјалните мрежи, повикувајќи ги своите истомисленици да почнат да го вознемируваат. Пораките биле толку чести и страшни што Гарсија морал да го смени бројот и да ја извести полицијата која почнала истрага за лицата кои му се закануваат.
Поради опасност од физички напад, голманот извесен период не иизлегувал од дома, па дури не присуствувал на родеден на еден свој близок пријател последната недела, воо страв да не дојде до сериозен инцидент.