Тренер роден во Струмица го однесе Овиедо во Ла Лига по пауза од 24 години!

Овиедо во реваншот од баражот славеше против Мирандес и се пласира во шпанската Ла Лига по пауза од дури 24 години, а тоа е огромен успех и за тренерот Вељко Пауновиќ, кој е роден во Струмица.

Српскиот стратег седна на кормилото на Овиедо пред помалаку од три месеци, но успеа да ги израдува навивачите и да се запише во клупската историја со триумфот против Мирандес.

Пауновиќ во кариерата играше за голем број екипи, меѓу кои се Партизан, Атлетико Мадрид, Овиедо, Хетафе и други, додека тренер стана во 2012 година кога ги тренираше младинските селекции на Србија, а потоа седна на кормилото и на Чикаго фајр, Ридинг, Гудалахара, Тигрес, а од оваа година е предводник на Овиедо.

Фото: Facebook/Real Oviedo