
Санчо може да заврши во Италија и да игра во Лигата на шампионите
Познатиот италијански новинар, Џанлука Ди Марцио објави дека „старата дама“ преземала конкретни чекори и сака да го доведе Санчо за кого интерес покажа и Наполи.
Англискиот фудбалер е свесен дека во редовите на Манчестер јунајед нема иднина и не сака да остане, а Јувентус од друга срана му нуди да се бори за трофеи и да игра во Лигата на шампионите.
Но, ако Санчо сака да се реализира трансферот ќе мора да прифати и намалување на платата бидејќи во овој момент во Манчестер јунајтед заработува 300.000 фунти неделно.
Изминатата сезона ја помина на позајмица во Челси, но иако имаше солидни настапи, сепак не ги убеди „сините“ дека треба да го откупат.
Кога е оштетата во прашање, Јувентус е подготвен да плати 25 милиони евра, додека Манчестер јунајтед бараше 35.