
Фотографиите со Јамал ѝ направија пекол: Ме нарекуваат педофилка, ова не е нормално!
Двајцата јасно порачаа дека не се во романтична врска, но поради нејзината возраст бидејќи е 12 години повозрасна од Јамал добивала негативни коментари.
„Буквално ме напаѓаат од сите страни и тоа е неверојатно и неправедно. Прво, имам 29 години, се уште не сум наполнила ниту 30. Не направив ништо лошо, никого не сум повредила. Ова го погодува моето семејство, не сакам ситуацијата дополнително да се влоши. Зборуваме за смртни закани, а ме навредуваат нарекувајќи ме педофилка...навистина е премногу“, изјави Васкез.
Таа потенцираше и дека во оваа ситуација се гледаат двојните стандардни помеѓу мажите и жените.
„Кога повозрасен маж ќе биде со некоја помлада девојка, никој не кажува ништо. Но кога ситуацијата е спротивна, веднаш настанува проблем“, коментира Васкез.
Исто така таа наведе и дека размислува да отвори правна постапка.
„Само поминав неколку дена со него, тоа е се. Нема потреба да зборувам нешто повеќе или да правам скандал. Заканите, лагите и обвинувањата веќе се документирани, тоа е злосторство“, истакна инфлуенсерката.
Yamal on vacation with his 31-year-old girlfriend 🍳🍳🍳🍳🍳
— RASTA VINI🪭🪭🪭🪭 (@Viniwontmiss) June 17, 2025
Mommy issues...? pic.twitter.com/mbTRbTYK76