Парма го потврди наследникот на Киву: Има 29 години и никогаш не бил главен тренер

Eкипата на Парма денеска го именуваше наследникот на Кристијан Киву кој го презема Интер и тоа е шпанскиот стратег Карлос Куеста.

Куеста пристигнува од редовите на Арсенал каде што работеше во стручниот штаб на Микел Артета и има само 29 години. Во овој момент тој ќе биде најмладиот тренер во најсилните пет првенства во Европа.

Тренерската кариера Куеста ја започна многу млад и во 2014 година како 19-годишник беше дел тимот до 17 години на Атлетико Мадрид, потоа од 2018 до 2020 работеше во академијата на Јувентус со истата генерација.

Од Торино се пресели во Арсенал каде што ги помина последните пет години. Парма во својот состав во овој момент има петмина фудбалери кои се повозрасни од него.