
Тренерот на Тирана е наследникот на Ѓорѓиоски на клупата на Струга!
Станува збор за искуснeи албански стратег, чие име е добро познато во фудбалските кругови на Балканот. Како фудбалер, тој беше лидер на златната генерација на Скендербеу, која шест пати беше шампион на Албанија и играше во групната фаза од Лига Европа. Како тренер, пак, предводеше неколку реномирани клубови, вклучувајќи ги Тирана, Теута и Динамо Сити, а има искуство и со косовските Лирија и Балкани, како и со младите селекции на Албанија (У17 и У19).
Шкемби со Струга потпиша двегодишен договор со можност за продолжување на уште една сезона. Дел од неговиот стручен тим ќе биде и неговиот долгогодишен соработник Сабјан Лилај, а во тимот остануваат и постоечките тренери Меритон Гега и Дејан Лескароски, како и кондицискиот тренер Стефан Мечкаровски и тренерот на голмани Дардан Мифтари.
Стружани, кои беа шампиони во сезоната 2023/24, минатото првенство го завршија на четвртата позиција на табелата, а играа и во финалето од Купот на Македонија каде што беа поразени од Вардар.
ФОТО: FC STRUGA