Таре силно притиска да го донесе Џака во Милан!

Новиот спортски директор на Милан, Игли Таре прави голем напор за на Сан Сиро да го донесе Гранит Џака од Баер Леверкузен.

Тој веќе стапил во контакт со Баер Леверкузен, преговорите меѓу двата клуба се почнати, се бара решение за реализација на трансферот.

Џака веќе ги договори личните услови со Милан, тој сака преселба во Серија А.

Швајцарскиот репрезентативец беше еден од најдобрите во Леверкузен под водство на Чаби Алонсо.