
Падна договор: Нико Вилијамс потпишува за Барселона - познати се деталите!
Вилијамс имаше понуди од неколку екипи, но приоритет ѝ даде на Барселона со која договори соработка на шест години, односно до јуни 2031 година.
Новинарот Фабрицио Романо открива дека Вилијамс ќе добива плата од седум или осум милиони евра по сезона, а во моментов Барселона преговара со Атлетик Билбао за да најде решение за клаузулата од 58 милиони евра.
Шпанскиот репрезентативец минатата сезона настапи на 45 меча во сите натпреварувања и притоа постигна 11 голови и седум асистенции.
Фото: Facebook/Athletic Club