Мурињо сака да ангажира фудбалер кој има одиграно над 400 меча за Реал Мадрид

Португалскиот тренер Жозе Мурињо сака следната сезона со Фенербахче да биде поконкурентен во трката за титулата во турскиот шампионат, па поради тоа планира да ангажира квалитетни засилувања ова лето.

Едно од потенцијалните засилувања е 33-годишниот фудбалер Лукас Васкез кој има одиграно над 400 натпревари за шпанскиот гигант Реал Мадрид.

Мурињо се надева дека Васкез ќе го пренесе своето искуство во гигантот од Турција и ќе помогне во освојување на шампионскиот пехар во домашното првенство.

Фото: Facebook/Fenerbahçe