Трајковски го испофали поранешниот тренер: Гатузо е одличен избор за Италија!

Додека неговата иднина сè уште е неизвесна, македонскиот репрезентативец, Александар Трајковски, во емисија на италијанскиот канал Спорт Италија го прокоментира назначувањето на неговиот доскорешен тренер во Хајдук, Џенаро Гатузо, за селектор на Италија.

Тој смета дека „аѕурите“ направиле одлична работа.

„Среќен сум поради Гатузо, мислам дека тој е одличен избор за репрезентацијата на Италија“, изјави Трајковски.

Трајковски во втората сезона во дресот на сплитскиот тим постигна неколку значајни голови, меѓу кои се издвојуваат погодокот против Ријека, со кој ја одржа неизвесноста во трката за титулата, како и драматичниот изедначувачки гол во 95. минута против Локомотива на „Пољуд“. Тој на крајот од разговорот, Трајковски се осврна и на својот поранешен клуб Палермо, каде играше од 2015 до 2019 година, кој неодамна за тренер го назначи легендарниот напаѓач на Милан.

„Се надевам дека Пипо Инѕаги ќе успее да го врати Палермо во Серија А“, додаде Македонецот.

Неговиот мандат во Хајдук речиси сигурно е завршен, а како следна дестинација се шекулира дека повторно може да биде токму Палермо.