Пеколен старт за Ливерпул во новата сезона - во првите осум кола има пет дерби дуели

Актуелниот шампион на Англија, Ливерпул доби пеколна ждрепка на стартот од новата сезона во која ќе брани титулата.

„Црвените“, како прваци, го отвораат првенството со дуелот против Борнмут на домашен терен на 15 август, но вистинските предизвици следуваат потоа бидејќи до осмото коло имаат дури пет дерби дуели. Во вториот круг гостуваат кај Њукасл, во третиот го пречекуваат вицешампионот Арсенал, во петтиот играат со градскиот ривал Евертон, во седмиот со Челси на гости, а во осмиот со Манчестер Јунајтед на домашен терен. Првото дерби против Манчестер Сити е во 11. коло, на 8 ноември, на теренот на противникот.

Тоа не е единствената мака за Ливерпул претстојната сезона. Од 21 декември со 18 јануари ќе се одржи Африканскиот куп на нации што значи дека околу месец и пол ќе биде без Мохамед Салах кој нема да игра против Арсенал, а подеднакво тежок распоред како на стартот ќе има во финишот од сезоната кога му претстојат дуели со Јунајтед, Челси и Астон Вила.

Единствената добра работа за Ливерпул е тоа што не настапува на бесмисленото Светско клупско првенство, па фудбалерите ќе имаат доволно време за одмор пред да ги почнат подготовките за новата сезона.