Срам за ФИФА: На натпревар на клупскиот Мундијал немаше ниту 100 навивачи!

Светското клупско првенство кое се игра во САД за прват во нов формат, барем на почетокот не изгледа како полн погодок на ФИФА.

Најголем проблем на Светската фудбалска организација е слабата посетеност на натпреварите, голем број екипи играат пред полупразни трибини.

Така во еден момент непосредно пред почетокот на натпреварот кој се играше изминатата вечер помеѓу јужноафриканскиот Мамелоди и јужнокорејскиот Услан на трибините имало само 97 навивачи.

Почетокот на натпреварот кратко беше одложен, според официјалните информации поради временските услови, а подоцна на трибините се собраа нешто повеќе гледачи, меѓутоа секако и тоа беше премалку.

Кога е резултатот во прашање, Мамелоди славеше победа од 1-0 и така на најдобар начин го стартуваше турнирот. Одлучувачкиот гол го постигна Рејнерс во 36. минута.