
Симеоне си најде оправдување: Кога на Енрике му требаше помош, си купи играч од 70 милиони
Европскиот првак славеше со 4-0 и на совршен начин го почна Светското клупско првенство со што ја истакна кандидатурата за уште еден трофеј оваа сезона. За Симеоне, немоќта е резултат на финансиската разлика меѓу двата клуба.
„Кога на Луис Енрике му требаше помош на летово крило, си купи фудбалер од 70 милиони евра“, рече Симеоне.
Алузијата е на Квича Кварацкелија кој дојде од Наполи, но брзо се вклопи во тимот и е еден од најзаслужните за тројната круна.