
Одбојкарите убедливо поразени од Грција
Избраниците на Јошко Миленкоски вчера ја совладаа Летонија која е домаќин на турнирот, но денеска немаа сили да направат изненадување.
Најмногу поени Македонија освои во првиот сет кој го загуби со 25-22, иако отпор пруживме и во наредните два кои Грција ги доби со 25-21 и 25-20.
Следниот предизвик за одбојкарите ќе биде на домашен терен бидејќи на 20 јуни во Струмица прво ќе го пречекаме Израел, а два дена подоцна и Црна Гора.