
Арсенал ја доби војната против Реал, ќе плати 65 милиони евра за Зубименди!
Зубименди во следните недели ќе ги помине медицинските прегледи во Лондон, по што ќе стави потпис на повеќегодишен договор со Арсенал и ќе треба да му помогне на гигантот во борбата за шампионската титула во Премиер лигата.
Реал Сосиедад ќе добие 65 милиони евра за Зубименди, кој минатата сезона одигра 48 меча за шпанскиот тим и постигна два гола и две асистенции.
Фото: Facebook/Arsenal