
Детенце со „двоглав орел“ ги провоцираше српските фудбалери (ВИДЕО)
Со многу тензија е исполнет вечерашниот натпревар од квалификациите за Светското првенство помеѓу Албанија и Србија во Тирана, а провокација до српските репрезентативци дојде и од едно детенце што излезе на теренот со фудбалерите.
Во моментите кога фудбалерите се наредија едно од детенцата го покажа симболот на „двоглав орел“. Исто така целиот стадион силно ја исвирка и српската химна. Овој момент може да погледнете на следниот ЛИНК.
Инцидент видовме и по десетина минути игра кога фудбалерот Лукиќ беше погоден со тврд предмет од трибините.
Нема дилеми дека Фудбалскиот сојуз на Албанија ќе биде казнет од УЕФА за ваквите испади на своите фанови.