
Муслиу: Белгија има многу ѕвезди, но ние одигравме одлично - резултатот е реален!
Муслиу посочи дека биле свесни за квалитетот со кој располага Белгија, но одиграле на врвно ниво и заслужиле барем бод во дуелот.
„Знаевме против каков ривал ќе играме, знаевме колку ѕвезди има Белгија. Сепак, мислам дека добро го изработивме дефанзивниот дел. Одлични бевме сите на теренот. Резултатот е реален, а можеби ние заслуживме и нешто повеќе поради играта во вториот дел. Мислите ни се насочени кон Казахстан“, кажа Муслиу.