
„Дури на крајот ќе дознаеме дали Велс нè зезнал - сега за сега сме добри!“
Селекторот Благоја Милевски не жали затоа што не сме го победиле Велс, но кажа дека на крајот од квалификациите ќе дознаеме дали ќе ни фалат бодовите од тој натпревар (1-1).
„Во моментов не ни фалат бодовите од Велс, сето тоа што е одиграно е зад нас, одиме напред, не се враќаме назад, а на крајот на квалификациите ќе видиме што ни фалело“, кажа Милевски.
Македонија по три одиграни меча има пет бодови на втората позиција, додека пред неа е Велс со седум поени. На третата позиција е Казахстан со три бода, по што следи Белгија со еден и Лихтенштајн без поени.