
„Исполнивме сè што побара селекторот, среќни сме со ремито против Белгија“
Атанасов жали за пропуштените шанси во првото полувреме, но смета дека заслужиле на крајот да останат непоразени.
„Го отворивме добро натпреварот, бевме на висина на задачата и ги исполнивме обврските кои ги побара селекторот. Погодивме две стативи, за жал не успеавме да ја затресеме мрежата на Белгија, а потоа примивме несреќен гол. Најважно е тоа што се задржавме на ниво и што се одбранивме до крајот на првото полувреме. Во продолжение отидовме по првиот гол и среќни сме за ремито. Уште ништо не е завршено, се надеваме на триумф против Казахстан“, кажа Атанасов.