
Ѓоковиќ влезе во црна серија: Синер четврти пат по ред е нерешлива енигма за Србинот
Првиот сет беше решен со еден брејк во петтиот гем, кога Синер поведе со 3-2, по што успешно го бранеше својот сервис и славеше со 6-4.
Ѓоковиќ повторно прв го загуби својот сервис (3-4), по што успеа да се врати во 10. гем кога израмни на 5-5. Синер успеа во следниот гем повторно да направи брејк и потоа да сервира за 7-5.
Двајцата тенисери водеа голема борба во третиот сет, а Ѓоковиќ пропушти три брејк-шанси во 10. гем, по што во тај-брејкот загуби со 3-7.
Синер во финалето на Ролан Гарос ќе се бори против Карлос Алкараз кој претходно немаше проблеми против Лоренцо Мусети бидејќи Италијанецот го предаде мечот.
Ѓоковиќ веќе четврти меч по ред губи од Синер, а црната серија почна на Дејвис Купот во 2023 година, по што продолжи на Австралијан опен, а потоа беше поразен и во Шангај во 2024 година пред денешниот неуспех на Ролан Гарос.
Србинот се обидува да стигне до 25. гренслем-трофеј во кариерата, меѓутоа ќе мора да почека до следниот турнир.
Фото: EPA PHOTO