Ливерпул немилосрдно го прегази Вест хем! (ВИДЕО)

Денес беа одиграни неколку средби од 28. коло од англиската Премиерлига, а Ливерпул имаше лесна задача против екипата на Вест хем.

Натпреварот започна одлично за домаќините, кои стигнаа до предност во 29. минута преку голот на Џан, а истата успеаа да ја задржат до крајот на првите 45 минути и покрај обидите на гостите да се вратат резултатски во мечот.

Во вторите 45 минути, потопот на гостинскиот состав го најавија Салах и Фирмино, кои го зголемија резултатот на 3-0, а Антонио успеа да намали веднаш по неговото влегување во игра на 3-1. Сепак конечните 4-1 ги постави Мане во 77. минута.

Останати резултати:

Бурмут – Њукасл 2-2
Брајтон – Свонси 4-1
Барнли – Саутемптон 1-1
Ливерпул – Вест хем 4-1
ВБА – Хадерсфилд 1-2