Рубљов беше лесен залак: Синер рутински избори четвртфинале на Ролан Гарос

Италијанскиот тенисер Јаник Синер славеше против Андреј Рубљов со 3-0 во сетови, односно 6-1, 6-3 и 6-4 за пласман во четвртфинале на Ролан Гарос.

Синер ја најави победата уште во првиот сет, откако го декласира ривалот со 6-1, додека во вториот Рубљов даде малку поголем отпор, но не успеа да му направи значителни проблеми на Италијанецот (3-6).

Првиот тенисер во светот го реши третиот сет со еден брејк на противникот на Рубљов, и тоа во 10. гем кога стигна до 6-4.

Синер за полуфинале на Ролан Гарос ќе се бори против Бублик кој со 3-1 во сетови го елиминира Дрејпер.

Фото: EPA PHOTO