Родри ќе стане еден од најплатените фудбалери во Манчестер сити!

Раководството на англискиот гигант Манчестер сити ќе му понуди нов договор на шпанскиот репрезентативец Родри, по што ќе стане втор најплатен фудбалер во клубот.

Родри ја пропушти речиси цела сезона поради повреда на коленото, односно се врати на самиот крај. Иако имаше договор на уште две години, сепак Сити му нуди четиригодишна соработка со плата од 20 милиони евра по сезона.

Шпанецот досега во редовите на премиерлигашот заработуваше по 12,5 милиони евра годишно, додека најплатен е Ерлинг Халанд со плата од 32 милиони евра.

Фото: Facebook/Manchester City