Инзаги ги пакува куферите: Интер има четири кандидати за нов тренер

Италијанскиот гигант Интер беше во трка за тројна круна во завршницата на сезоната, меѓутоа на крајот остана со празни раце и поради тоа наскоро би можел тренерот Симоне Инзаги да го напушти тимот од Милано.

„Газета дело Спорт“ објави дека Сеск Фабрегас останува прва опција на „нераѕурите“, меѓутоа веќе посочи дека сака да остане на кормилото на Комо.

На списокот со желби на Интер се наоѓа и Патрик Виеира, Роберто Де Зерби и Кристијан Киву, меѓутоа Фабрегас останува главна цел на поранешниот европски и италијански шампион.

Инзаги, од друга страна, најверојатно ќе замине во Саудиска Арабија, откако интерес за неговиот потпис покажа Ал-Хилал.

Фото: Facebook/Inter