
Јамал вети дека никогаш нема да направи предавство како Фиго!
Луис Фиго засекогаш ќе остане омразен меѓу навивачите на Барселона затоа што ја напушти Каталонија и го облече дресот на „кралевите“ во 2000 година, а Јамал не планира да направи такво нешто.
„Да заиграм еден ден за Реал Мадрид? Тоа е невозможно, нема шанси да се случи такво нешто“, кажа Јамал.
Талентираниот шпански репрезентативец оваа сезона настапи на 55 меча за Барселона во сите натпреварувања, а притоа постигна 18 голови и 25 асистенции.
Фото: Facebook/FC Barcelona