Алкараз освои неверојатен поен, па му го подари на противникот (ВИДЕО)

Бранителот на титулата на Ролан Гарос, Карлос Алкараз одигра неверојатен поен против Бен Шелтон во осминафиналето на турнирот на земјена подлога, па направи потег кој предизвика бројни реакции од трибините.

Алкараз освои поен против Шелтон на спектакуларен начин, а потоа побара од главниот судија да му го додели поенот на противникот затоа што во последен момент го испуштил рекетот и така го намудрил ривалот.

Судијата не го забележа тој момент и му го додели поенот на Алкараз, меѓутоа шпанскиот тенисер веднаш реагираше и објасни како ги прекршил правилата.