
Сензационална најава од Англија: Митровиќ на радарот на Јунајтед
Популарниот Митрогол во моментов е член на Ал Ахли од Саудиска Арабија, но има големо искуство во Премиер лигата каде настапуваше за Фулам.
„Манчестер Јунајтед сериозно ја разгледува можноста да го донесе Митровиќ. Цената на трансферот би изнесувала околу 40 милиони фунти, а Митровиќ е подготвен да потпише за помала плата“, пишува порталот Talksport.
Митровиќ во септември ќе наполни 31 година, а во Јунајтед би бил резервна варијанта на Хојлунд и Зиркзе кои не се прославија минатата сезона.