
Леао би можел да направи предавство - да остане во Италија, но да го промени клубот!
Според информациите на „Ил Матино ди Наполи“, новиот италијански шампион сериозно ја разгледува можноста да го ангажира Леао.
Спортскиот директор на Наполи, Џовани Мана веќе стапил во контакт со луѓето на Леао на чело со неговиот атко, Антонио.
Интересно е што од нивна страна нема цврсто „не“ за евентуален трансфер во Наполи, туку се отворени за да ја слушнат понудата.
Сепак многу работи ќе зависат и од новиот тренер на Милан, Масимо Алегри, дали тој ќе го стави Леао во центарот на своите планови или ќе дозволи да замине.
Леао има договор со Милан до јуни 2028 година.